×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Небеска Тимјановна

Небеска Тимјановна

Петре М. Андреевски


Издавач: ТРИ
Автор: Петре М. Андреевски
ISBN: 9786082306377
Жанр: Домашни автори
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
350 ден.

Ова е само една вистина, зашто вистини има стопати по толку, којзнае колкупати по толку. Вистини има колку што има и луѓе. И живи и мртви.

Со овие зборови големиот Петре М. Андреевски ни ја отвора приказната на Небеска Тимјановна, оставајќи ја самата да ни ја раскаже. А како да се раскаже цел еден живот – тегобен и испреплетен со маките на сопствениот народ? Има ли зборови што можат да го опишат тоа што го гледаат очите, тоа што го страда срцето? И колку цврст треба да биде човекот за да ги издржи животните искушенија: стрелањето на непокорниот татко, љубовниот неспокој што мора да се крие од другите, пеколните борби во планините, цицалчето кое мора да се напушти, обвинувањата на довчерашните другари, страдањето во логорите заради идеалите за кои е жртвуван целиот живот?...

И пак да сe најдат сили за да се надмине сè и на крајот сè да се раскаже – за да остане запаметено, за да не се заборави.

Петре М. Андреевски

Петре М. Андреевски

Петре М. АНДРЕЕВСКИ (1934 – 2006) е поет, раскажувач, драмски писател и есеист. Роден е во Слоештица, Демир Хисар. Гимназија завршил во Битола, а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје (на Групата југословенска книжевност). Негови позначајни дела се: Јазли (поезија), И на небо и на земја (поезија), Седмиот ден (раскази), Дениција (поема), Богунемили (драма), Дални наковални (поезија), Неверни години (раскази), Време за пеење (драма), Пофалби и поплаки (поезија), Пиреј (роман), Скакулци (роман), Вечна куќа (поезија), Небеска Тимјановна (роман), Сите лица на смртта (раскази), Последните селани (роман), Тунел (роман) и Сегашно минато време (есеи). Има објавено и две книги поезија за деца: Шарам барам и Касни порасни (сликовница). Во 1984 и во 2002 година му излегуваат одбрани дела во пет и во шест тома. Ги има добиено речиси сите позначајни награди за литература: 11 Октомври, Браќа Миладиновци (двапати), Рациново признание (двапати) и Стале Попов (двапати). Негови дела се преведени на српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски и на други јазици. Застапуван е во сите антологии на македонската поезија и проза. Член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН-центар и на Друштвото на писателите на Македонија.

Види повеќе