Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Романот на Маџунков е монументално книжевно остварување, кое опфаќа случувања од само еден единствен ден (недела), распоредени во 19 одделни поглавја, во кои среќаваме галерија впечатливи, машки и женски ликови, сместени во уметничкиот време-простор на еден, пластично насликан балкански град – Белград. Голем број од овие ликови се (речиси, донкихотски) упатени или поврзани со книгите (или, Библиотката, како нивен, легитимен Дом) – но, ниту еден од нив, нималку не е книшки (безживотен, стерилен) човек. Напротив! Секој(а) од нив, на себе-својствен, егзистенцијално обусловен начин, се соочува и се носи со сопствената обездоменост, или, подобро кажано, фрленост во една вознемирувачка, турбулентна низа епоха, на сурови промени и предизвици, се вели во образложението.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам