×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Акција
Ќерката на математичарот

Ќерката на математичарот

Венко Андоновски


Издавач: ТРИ
Автор: Венко Андоновски
ISBN: 9786082306476
Жанр: Домашни автори
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Нема на залиха
300 ден. 400 ден.

Заштедувате 100 ден.

На писателот по електронска пошта му се јавуваат неговите ликови од претходните романи пред сè од Вештица и го известуваат дека незадоволни од судбините кои им ги определил таму почнале да пишуваат роман за можностите да се избегне судбината. Почнуваат да му праќаат текстови кои тој треба „стилски да ги потсуреди“ и од нив често неповрзани да направи целина! Така ликовите раководат со писателот а не тој со нив. Притоа тој како обичен „уредник“ под притисок на своите ликови се соочува со фактот дека тие пишуваат не еден туку два романа: „голема“ и „мала“ книга. И имаат за цел да покажат дека две сосема различни приказни можат да имаат ист заеднички крај.

Големата книга говори за речиси детективската потрага по еден мистериозен човек кој ја персонифицира смртта, а малата за можноста една славна рок-ѕвезда да ја избегне судбината и на денот на својата несреќна погибија во сообраќајна несреќа да задоцни на местото на својата смрт, поради тоа што ќе се напие кафе со својата детска, прва љубов...

Андоновски продолжува, во нему својствен, мајсторски стил да ги испитува крајните можности на романот како жанр во постојано преиспитување...

Венко Андоновски

Венко Андоновски

„Без сомнение, Андоновски може да се нарече гениј, жив класик и книжевен џин, а романот [Папокот на светот] може да се споредува со делата на Умберто Еко и Милан Кундера“.

Проф. д-р Венко Андоновски е романсиер, драмски писател, филмски сценарист, книжевен критичар, теоретичар на литературата и културата. Автор е на вкупно 35 книги на македонски јазик од најразлични жанрови. Редовен професор е на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил и декан на Факултетот, а добитник е и на наградата „Свети Климент Охридски“ за образование. Како писател, Андоновски е автор на 2 книги поезија, 3 книги раскази, 4 романи, 18 изведени театарски пиеси и 1 сценарио за игран филм.  Повеќекратен добитник е на сите домашни награди за проза, драма и критика, како и на меѓународните награди „Балканика“, „Југра“ (руска меѓународна награда за најдобар роман од словенските книжевности преведен на руски, за „Папокот на светот“), како и на наградата „Петар Кочиќ“ за српското издание на романот Вештица. Во 2018 година беше номиниран, со 33 светски писатели (меѓу кои и Нобеловци) за Толстоевата награда („Јасна полјана“). Тој е првиот Македонец што доби меѓународна книжевна награда по осамостојувањето на Македонија („Балканика“). Еден од најчитаните македонски автори во Македонија во последниве две децении. „Папокот на светот“ е до сега печатен во 15.000 примероци, а „Вештица“ во 11.000. Еден од најизведуваните драмски писатели во последниве дваесет години во Македонија. Кандид во земјата на чудата беше на репертоарот на „Драмски“ цели седум години, со над сто изведби. За француското издание на неговиот роман „Вештица“, Милан Кундера, откако ќе го спореди Андоновски со Херман Брох и Карлос Фуентес, ќе напише: „Вештица е голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа. Ве молам прочитајте го. Со љубовта која ја заслужува“. Делата му се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски… Автор е на осум книги од областа на теоријата на книжевноста и културологијата. Приредил и две антологии на македонската поезија (македонско-српска и македонско-англиска). Автор е и на една двојазична (македонско-англиска) ексклузивна монографија за културата на Македонија, Зеницата на Македонија. Автор е на два учебника по литература за средното образование.

Член е на ДПМ и Македонскиот ПЕН центар и дописен член на МАНУ.

За своето книжевно творештво, Андоновски е добитник на наградите:

  • Прва награда за роман на „Зумпрес“ (за „Азбука за непослушните“, 1994)
  • Роман на годината на „Утрински весник“ (за „Папокот на светот“, 2000 г.)
  • Наградата „Балканика“ (за „Папокот на светот“, 2000)
  • Најдобар драмски текст на МТФ „Војдан Чернодрински“, 2009
  • „Петар Кочиќ“ за „Вештица“, 2011
  • „Стале Попов“ (за „Ќерката на математичарот“, 2013)
  • Руската меѓународна награда „Југра“ (за „Папокот на светот“, 2014)
  • „Рациново признание“ (за „Припитомување на кучката“, 2019)
  • „Ванчо Николески“ (за „Имаш пчела на носот: роман за њутајмер и олдтајмер тинејџери“, 2021).
Види повеќе

Можеби ќе ве интересира