×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Убиј го зборливото куче

Убиј го зборливото куче

Митко Маџунков


Издавач: ТРИ
Автор: Митко Маџунков
ISBN: 9786082300139
Жанр: Домашни автори
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
250 ден.

НАГРАДА „ИСИДОРА СЕКУЛИЌ“

Користејќи се со фолклорот и со искуствата на некои од големите руски писатели, Маџунков, со силата на својот талент даде неколку извонредни раскази, како што се, на пример: „Во автобусот“, „Неволите на Павле“, „Има ли можност да останеме живи“, „Смртта на Јонски“, „Игранка“, „Лихнидски очи“. Во целата своја збирка, а особено во овие раскази, Маџунков дава проза со автентичен творечки потег, цврсто чувствување на стварноста и иронично-гротескен однос кон човечката егзистенција и судбина.

Ширејќи ја сферата на стварноста до бесконечност и истовремено ширејќи ја сферата на фантастичното до крајните граници на стварноста, Митко Маџунков создаде раскази со антологиска вредност, како „Убиј го зборливото куче“ и „Мирисот на земјата“, целиот циклус раскази за Иљо М., потоа расказите „Циркус“ и „Во автобусот“. Предраг Протиќ

На Маџунков му поаѓа од рака во неочекуваните споеви на крајно оддалечените искуства да го пресврти баналното во исклучително, познатото во ново и зачудувачко. Тој дарува впечатливост и форма на она што во човековото доживување на вредноста е најмалку видливо и најмалку подложно на обликување. Љубиша Јеремиќ

Книгата „Убиј го зборливото куче“ се разликува од повеќето збирки раскази на денешните писатели по тоа што е забележливо разновидна и тематски и по наративната постапка. Митко Маџунков со оваа книга се вброи во оние писатели чиишто текстови можат да се препознаат – по особената атмосфера, по односот кон реалноста, по сопствената логика, по ритамот на раскажувањето, по јазикот. Чедомир Мирковиќ

Книгата „Убиј го зборливото куче“ открива писател со една необична свежина, или, што е подобро кажано, творец со необично лесна рака на кој лесно му се даваат баналните содржини и сложените сфаќања на човековите копнежи. Благоје Јастребиќ

Во секоја реченица на Маџунков има нешто непредвидливо, каков што е и самиот живот. Расказите „Големиот Смок“, „Смртта на Јонски“, „Крај“, „Снег“, „Галеби“, „Лихнидски очи“ и „Утро“, ни го разоткриваат спојот на реалното и нереалното како земјин крстозбор...Адам Пуслојиќ

Светот на прозите на Маџунков, реален и фантастичен, не е затворен во тесен регион... Проширен на селската и на градската средина подеднакво, зафатен со минатото и сегашното време, а свртен кон иднината, предаден на сонот, фантастиката, фолклорот и реалноста, тоа е свет на широки, токму невидени граници и тоа богатство е најголемата скапоценост на оваа книга. Божидар Милидраговиќ

Митко Маџунков

Митко Маџунков

Види повеќе