Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Заштедувате 51 ден.
Од далеку ли доаѓате? ме прашува.
- Не од блиску од многу блиску.
Сомничаво ја ниша главата. Со авион не се доаѓа од близу сака да каже ама премолчува.
- Долго ли бевте на пат?
- Не бев на пат.
- Туку… - Бев дома.
- А сега кај одите?
- Дома.
- Ништо не разбирам вели подналутено и гласно ја пушта музиката.
Спакувај се и замини! Каде? Што е можно подалеку. Зошто? За да дознаеш. Што? Не прашувај. Одважи се и тргни! Можеш ли!? Ако може жената од Последниот чај можеш и ти. Препушти ѝ се да те одведе до Тара, Елена, Савита, Џиду, Тарун, Самир... до самиот тебе. Последниот чај ги отвора нашите сопствени приказни. Нè охрабрува да се соочиме со нив и да ги прифатиме такви какви што се, убави или грди, сеедно.
Ова е роман во кој понекогаш и една единствена реченица е голема приказна врз која се останува долго време. Толку долго колку што е потребно таа да се спои со личната приказна на оној што ја чита. Сочувствителен. Љубовен. Нежен, а цврст. Меко што зборува за груби болки и вистини, покажувајќи како се исцелуваат и претвораат во спокојство.
Винка Саздова е родена на 10 август 1956 година, во Стрезовце, Република Македонија. Има завршено Филозофски факултет во Скопје, на Катедрата по психологија. Била новинар во Културната редакција на дневниот весник „Вечер“ и уредник за култура во „Република“.
Работела како соработник во издавачката куќа „Култура“, а потоа како директор и главен уредник на ЗУМПРЕС. Во 1999 година го основа Издавачки центар ТРИ и во следните десет години е негов главен уредник.
Од 2009 година се посветува на пишувањето и оттогаш ги има објавено романите Последниот чај (2009), Полиња со диви нарциси (2011), Понекогаш доаѓа среќа (2013), Луна (2015) и Вилино (2019). Уште со првиот роман создава своја читателска публика, а нејзините книги досега се објавени во над 35 изданија. Последниот чај е воедно најуспешниот роман на Издавачки центар ТРИ со 14 изданија, а преведен е и на српски, хрватски и бугарски јазик.
Двапати е прогласена за најчитан автор – во 2012 година од НУБ „Св. Климент Охридски“, а во 2014 година од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
Живее и твори во Скопје и Охрид.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам