×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Акција
Папокот на светлината

Папокот на светлината

Венко Андоновски


Издавач: ТРИ
Автор: Венко Андоновски
ISBN: 9786082308814
Жанр: Бестселери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
338 ден. 450 ден.

Заштедувате 113 ден.

Силната светлина заслепува неподготвено око, а блесокот на молњата може и да убие.

Јан Лудвиг, протагонистот кој пред повеќе од 20 години трагаше по папокот на светот (љубов кон жената), сега е во потрага по папокот на Светлината. Заедно со другите ликови, тој се обидува да открие каде се раѓа онаа Светлина која ја просветлува душата и како се случува некој цел живот да ја бара неа, а некој да се задоволи да му биде облека на ѓаволот.

„Папокот на светлината“ е во знакот на Светото Тројство: тројца навидум различни раскажувачи раскажуваат три навидум неповрзани приказни, сите љубовни на свој начин, три наративи кои на крајот се сврзуваат во еден, можен роман. На тој начин овој роман станува и нов клуч за читање на „Папокот на светот“; тројството на светлината го надминува дуализмот на светот. Дуализам кој и ќе го уништи стариот поредок, со сите негови морални вредности, и ќе го претвори во опожарена цивилизација врз чии јагленосани остатоци треба да се крене новиот свет.

„Папокот на светлината“ е значаен прилог кон тој нов, продуховен свет.

Венко Андоновски

Венко Андоновски

„Без сомнение, Андоновски може да се нарече гениј, жив класик и книжевен џин, а романот [Папокот на светот] може да се споредува со делата на Умберто Еко и Милан Кундера“.

Проф. д-р Венко Андоновски е романсиер, драмски писател, филмски сценарист, книжевен критичар, теоретичар на литературата и културата. Автор е на вкупно 35 книги на македонски јазик од најразлични жанрови. Редовен професор е на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил и декан на Факултетот, а добитник е и на наградата „Свети Климент Охридски“ за образование. Како писател, Андоновски е автор на 2 книги поезија, 3 книги раскази, 4 романи, 18 изведени театарски пиеси и 1 сценарио за игран филм.  Повеќекратен добитник е на сите домашни награди за проза, драма и критика, како и на меѓународните награди „Балканика“, „Југра“ (руска меѓународна награда за најдобар роман од словенските книжевности преведен на руски, за „Папокот на светот“), како и на наградата „Петар Кочиќ“ за српското издание на романот Вештица. Во 2018 година беше номиниран, со 33 светски писатели (меѓу кои и Нобеловци) за Толстоевата награда („Јасна полјана“). Тој е првиот Македонец што доби меѓународна книжевна награда по осамостојувањето на Македонија („Балканика“). Еден од најчитаните македонски автори во Македонија во последниве две децении. „Папокот на светот“ е до сега печатен во 15.000 примероци, а „Вештица“ во 11.000. Еден од најизведуваните драмски писатели во последниве дваесет години во Македонија. Кандид во земјата на чудата беше на репертоарот на „Драмски“ цели седум години, со над сто изведби. За француското издание на неговиот роман „Вештица“, Милан Кундера, откако ќе го спореди Андоновски со Херман Брох и Карлос Фуентес, ќе напише: „Вештица е голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа. Ве молам прочитајте го. Со љубовта која ја заслужува“. Делата му се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски… Автор е на осум книги од областа на теоријата на книжевноста и културологијата. Приредил и две антологии на македонската поезија (македонско-српска и македонско-англиска). Автор е и на една двојазична (македонско-англиска) ексклузивна монографија за културата на Македонија, Зеницата на Македонија. Автор е на два учебника по литература за средното образование.

Член е на ДПМ и Македонскиот ПЕН центар и дописен член на МАНУ.

За своето книжевно творештво, Андоновски е добитник на наградите:

  • Прва награда за роман на „Зумпрес“ (за „Азбука за непослушните“, 1994)
  • Роман на годината на „Утрински весник“ (за „Папокот на светот“, 2000 г.)
  • Наградата „Балканика“ (за „Папокот на светот“, 2000)
  • Најдобар драмски текст на МТФ „Војдан Чернодрински“, 2009
  • „Петар Кочиќ“ за „Вештица“, 2011
  • „Стале Попов“ (за „Ќерката на математичарот“, 2013)
  • Руската меѓународна награда „Југра“ (за „Папокот на светот“, 2014)
  • „Рациново признание“ (за „Припитомување на кучката“, 2019)
  • „Ванчо Николески“ (за „Имаш пчела на носот: роман за њутајмер и олдтајмер тинејџери“, 2021).
Види повеќе

Можеби ќе ве интересира