Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Што би направила Марија Кири ако…
Би Кенигсвасер живее според едноставен принцип: што би направила Марија Кири? Ако НАСА би ѝ понудила водечка улога во значаен невронаучен проект – што е буквално остварување на сонот – Марија би го прифатила без двоумење. Но мајката на модерната физика никогаш не морала да работи со Ливај Ворд.
Зашто Ливај, високиот и мрачен тип со продорен поглед, многу јасно ѝ дал до знаење на постдипломските студии – дека му е одбивна. Сега двајцата заколнати непријатели треба заедно да направат астронаутски шлем. Кога опремата ѝ доцни, новите колеги ја игнорираат и на секој чекор наидува на сопки, се случува невозможното – Ливај ги поддржува нејзините идеи и ѝ станува сојузник. А помислата дека навистина му се допаѓа – ги активира сите нејзини неврони.
Меѓутоа кога ќе мора да ја стави на коцка не само својата стручност туку и срцето, важно е само едно прашање: Што би направила Би Кенигсвасер?
„Али Хејзелвуд е совршена авторка која ни докажа дека науката може да биде и ептен секси, а љубовта може да се појави дури и на најнеочекувани места.“
Џоди Пико
Али Хејзелвуд е псевдоним на современата италијанска писателка која за три години објави пет љубовни романи со кои освои широка читателска публика низ целиот свет. Родена е на 11.12.1989 година, во Италија. Живеела во Германија и во Јапонија пред да замине во Соединетите Американски Држави на докторски студии од областа на невронауката. Работела како професорка по невронаука до 2023 г., кога решава да се посвети на својата писателска кариера.
Главни ликови во нејзините дела се жени во областа на науката. Нејзиниот првообјавен роман Љубовна хипотеза (2021) беше бестселер на Њујорк тајмс повеќе од 40 недели. Во 2022 година го објави својот втор роман, Љубовни неврони, како и три новели: Под еден покрив, Заглавена со тебе и Под нулата. Минатата година го објави романот Љубов, теоретски, како и својот прв роман за млади Шах-мат. Тековнава 2024 година веќе издаде уште два романа – Невеста и Незаљубени, со кои продолжува да ја освојува читателската публика и да се потврдува како авторка со посебен сензибилитет и тематски интерес.
Има објавено и повеќе научни трудови од областа на неврологијата, во кои никој не се бакнува и не е среќен до крајот на животот. Кога не е на работа, може да ја видите како трча, јаде мафини или гледа научнофантастични филмови со своите двајца господари-мачори (и својот малку помалку мачкест сопруг).
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам