Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Зошто остануваш во зандана кога вратата е ширум отворена? Руми Како се случува оние што се љубеле верно како дрвото и сенката, како дрвото и огнот, да станат туѓинци во иста постела и дневна соба? Жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син. Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Книга полна источни мудрости и мистична филозофија. Роман богат со психолошки и до нијанса извајани машки и женски ликови, со што се потврдува мајсторството на авторот покажано и во претходните романи. Префинета симболика на детали, прекогниции, соништа, сеизмографски треперења на душата. И роман терапија: ведриот женски лик на Вили од идиличното Вилино, спротивставено на градот како дувло на страстите. Венко Андоновски Вилино е лек. Митрополит Методиј Златанов
Винка Саздова е родена на 10 август 1956 година, во Стрезовце, Република Македонија. Има завршено Филозофски факултет во Скопје, на Катедрата по психологија. Била новинар во Културната редакција на дневниот весник „Вечер“ и уредник за култура во „Република“.
Работела како соработник во издавачката куќа „Култура“, а потоа како директор и главен уредник на ЗУМПРЕС. Во 1999 година го основа Издавачки центар ТРИ и во следните десет години е негов главен уредник.
Од 2009 година се посветува на пишувањето и оттогаш ги има објавено романите Последниот чај (2009), Полиња со диви нарциси (2011), Понекогаш доаѓа среќа (2013), Луна (2015) и Вилино (2019). Уште со првиот роман создава своја читателска публика, а нејзините книги досега се објавени во над 35 изданија. Последниот чај е воедно најуспешниот роман на Издавачки центар ТРИ со 14 изданија, а преведен е и на српски, хрватски и бугарски јазик.
Двапати е прогласена за најчитан автор – во 2012 година од НУБ „Св. Климент Охридски“, а во 2014 година од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
Живее и твори во Скопје и Охрид.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам