×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Акција
Романтична комедија

Романтична комедија


Издавач: ТРИ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страни: 302
Година на издавање: 2025
Димензија: 14 x 20.5 cm
Автор: Кертис Ситенфелд
ISBN: 9786082810300
Жанр: Книги во најава
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
499 ден. 550 ден.

Заштедувате 51 ден.

Зар не бараме сите некој со кого можеме да разговараме за сè? На кој вреди да му ги раскажеме своите приказни и размислувања, чии приказни и мислења искрено сакаме да ги слушнеме? 

Сали Милц е писателка на скечеви за едно доцновечерно хумористично шоу кое се емитува секоја сабота во живо. По неколку разочарувања, таа веќе има кренато раце од љубовта задоволувајќи се со повремени авантури, успех во кариерата и блиска врска со нејзиниот очув за да може да има каков-таков семеен живот.

Кога нејзиниот близок пријател Дени почнува да се забавува со гламурозната актерка Анабел и станува дел од луѓето кои се романтично поврзани со неверојатно убави и остварени жени, Сали го смислува скечот „Правилото на Дени Хорст“ исмевајќи го овој феномен. Но одеднаш, кругот се врти. Пред да стане свесна што се случува, Сали се вљубува во Ноа Брустер, сензационален поп-музичар со исто така богато портфолио на жени модели. Па зар не станува и таа дел од романтичните сценарија? Само што ова не е романтична комедија, туку реален живот. А дали во реалниот живот некоја поп-ѕвезда навистина би засакала жена како неа?

Урнебесна романтична комедија што ќе ве натера да не судите прерано за тоа како сосем спротивни личности завршуваат заедно!

 

„Како нејзината книжевна прамајка Џејн Остин, Кертис Ситенфелд спојува извонредно остар дијалог што пенливо тече, неподнослива сексуална напнатост и продорно социјално набљудување.“

Опра дејли

Можеби ќе ве интересира