| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Единаесет минути е роман што предизвика бурни реакции во светот. Тоа оттаму, што Пауло Коелјо за првпат пишува книга за сексот: главниот лик е младата Бразилка Марија, која во потрага по среќата станува проститутка. Иако изобилува со еротски сцени, Единаесет минути всушност ја воспева љубовта, вечната потрага по себеси преку средбата со другиот. Некои книги ни помагаат да мечтаеме, други нè потсетуваат на стварноста, а оваа книга на Коелјо порачува: не минувајте само така во животот, танцувајте низ него!
Пауло Коелјо е роден во Рио де Жанеиро, во 1947 г. Пред да стане најпродаван автор, бил драмски писател, управник на театар, хипик, автор на песни за популарни поп-пејачи, новинар и автор на телевизиски драми. Од својата 25 година ги проучува магијата и окултизмот. Пеш го поминал патот долг 830 км до Компостела. Во 1986 г. ја напишал својата прва книга, „Дневникот на еден волшебник“. Следната година, со својата втора книга, „Алхемичарот“,стана еден од најчитаните современи писатели, автентичен издавачки феномен. Автор е на делата „Петтата гора“, „Крај реката Педра седев и плачев“, „Вероника реши да умре“, „Единаесет минути“, „Алеф“, „Ракописот од Акра“, „Захир“, „Прељуба“ и др. Неговите дела се објавени во 170 земји, преведени се на над 80 јазици и продадени се во тираж од околу 150 милиони примероци. Се смета за еден од највлијателните современи автори. Исто така, тој е и автор кој е следен од најмногу луѓе на социјалните мрежи.
Добитник е на голем број престижни меѓународни награди. Во 2002 г. е избран за член на Бразилската книжевна академија, а од 2007 е амбасадор на Обединетите нации. Во 2009 г. му беше доделено признанието на Гинисовата книга на рекорди за најпреведуван автор на еден роман („Алхемичарот“). Книжевната критика особено го нагласува неговиот поетски, реалистичен и филозофски стил и неговиот „симболичен јазик што не зборува за нашиот ум туку за нашето срце“. Неговите мисли имаат сила да инспирираат цели нации.
„Дневникот на еден волшебник“ зазема клучно место во творештвото на Пауло Коелјо. Не само затоа што е прв роман во низата негови значајни дела, туку и поради начинот на кој јасно ни ги претставува хуманоста на Коелјо и длабочината на неговите истражувања на патот кон себеоткривањето.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам