Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
ХИПОТЕЗА: Еден мал експеримент може да се претвори во катастрофа, или во светско откритие.
Олив Смит, докторантка на еден од најдобрите оддели за биологија, се сомнева во длабочината на денешните романтични врски. Но на својата најдобра другарка Ан, која толку многу верува во нив, мора да ѝ докаже дека е среќно вљубена. А научниците не веруваат во зборови, туку се потпираат на докази. Како што би постапил секој биолог, и Олив мора да бакне некого за да не биде разоткриена.
Тој некој, ни помалку ни повеќе, е Адам Карлсен, професорот познат како супер ѕвезда на катедрата, кој ѝ станува лажно момче. Но оваа хипотеза се разнишува за време на една научна конференција – Адам ја воодушевува Олив со понудената поддршка, а уште поголемо изненадување приредува со својата привлечност.
Одеднаш малиот експеримент станува лесно запалива материја што ги фрла во вода сите прецизно пресметани теории за љубовта. А Олив открива дека има нешто покомплицирано од хипотезата на љубовта – да си го ставиш срцето под микроскоп.
„Забавно, секси и остроумно! Али Хејзелвуд завршила одлична работа со ‘Љубовна хипотеза’.“
Мариана Запата, најпродавана авторка на „Њујорк тајмс“
Али Хејзелвуд е псевдоним на современата италијанска писателка која за три години објави пет љубовни романи со кои освои широка читателска публика низ целиот свет. Родена е на 11.12.1989 година, во Италија. Живеела во Германија и во Јапонија пред да замине во Соединетите Американски Држави на докторски студии од областа на невронауката. Работела како професорка по невронаука до 2023 г., кога решава да се посвети на својата писателска кариера.
Главни ликови во нејзините дела се жени во областа на науката. Нејзиниот првообјавен роман Љубовна хипотеза (2021) беше бестселер на Њујорк тајмс повеќе од 40 недели. Во 2022 година го објави својот втор роман, Љубовни неврони, како и три новели: Под еден покрив, Заглавена со тебе и Под нулата. Минатата година го објави романот Љубов, теоретски, како и својот прв роман за млади Шах-мат. Тековнава 2024 година веќе издаде уште два романа – Невеста и Незаљубени, со кои продолжува да ја освојува читателската публика и да се потврдува како авторка со посебен сензибилитет и тематски интерес.
Има објавено и повеќе научни трудови од областа на неврологијата, во кои никој не се бакнува и не е среќен до крајот на животот. Кога не е на работа, може да ја видите како трча, јаде мафини или гледа научнофантастични филмови со своите двајца господари-мачори (и својот малку помалку мачкест сопруг).
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам