×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Квантна надмоќ

Квантна надмоќ

Мичио Каку


Издавач: Арс ламина
Година на издавање: /
Автор: Мичио Каку
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
ISBN: 9786082679297
Жанр: Популарна наука
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Нема на залиха
550 ден.

Квантните компјутери ветуваат невидени придобивки во компјутерската моќ, овозможувајќи напредоци што би можеле да ги променат сите аспекти на нашиот секојдневен живот. Производителите на автомобили, медицинските истражувачи и консултантските фирми – сите се обложуваат на квантната компјутерска технологија за дизајнирање на поефикасни возила, создавање нови животоспасувачки лекови и оптимизација на бизнисите. Квантната компјутерска технологија може да се користи за дешифрирање на сложените хемиски процеси потребни за производство на евтини ѓубрива и за создавање втора „Зелена револуција“ и супербатерија што ќе ја овозможи соларната ера; или дизајнирање на нуклеарни фузиски реактори за производство на чиста, безбедна и обновлива енергија. Може дури и да ги открие неверојатно тешките процеси на „свиткување“ на протеините што се наоѓаат во срцевината на досега неизлечливите болести, како Алцхајмеровата болест, АЛС и Паркинсоновата болест. Квантните компјутери веќе се користат за да помогнат во решавањето на најголемата мистерија во науката – потеклото на универзумот. Со својата карактеристична јасност и ентузијазам, д-р Мичио Каку, кој го поминал целиот свој професионален живот работeјќи на квантната теорија, ја раскажува оваа интересна и возбудлива научна приказна за трката за освојување на иднината на човештвото.

Мичио Каку

Мичио Каку

Види повеќе