×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Преместување на соништата

Преместување на соништата

Михаела Гашпар


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Автор: Михаела Гашпар
ISBN: 9786082437385
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
350 ден.

Габриела, Анастазија и Катарина. Три жени и три сопруги. Три животи и три лаги.

Габриела навидум има совршен живот. Таа е учителка, има добар и внимателен сопруг, но го напушта зашто не може да ги поднесе демоните од минатото. Анастазија е домаќинка чиј сопруг починал. Живее сама, без роднини и пријатели, и целиот живот му била слугинка на посесивниот и агресивен партнер. Катарина е работничка во пералница која се обидува да ја најде радоста на животот за себе и за својот син, но не може зашто опстојува во страв и бегајќи од мажот кој ја злоставува.

Сите три жени имале соништа кои не се оствариле, секоја од нив е предадена од оној кој го љубела, оној кој требало да им биде потпора, секоја од нив најмногу страда токму меѓу ѕидовите на домот, а нивните сопрузи се штитени од сите – од роднините, од пријателите, од општеството…

Михаела Гашпар им дава глас на оние кои не зборуваат, на оние кои се срамат од своите модринки и рани, на оние кои стравуваат за својот живот и на оние кои се предадени од најблиските.

Михаела Гашпар

Михаела Гашпар

Михаела Гашпар (1973) е хрватска писателка и скулпторка. Работи како маркетинг-директор и раководител на одделот за дизајн во приватна компанија. Со книжевност се занимава од 2010 година. Има објавено неколку романи и една збирка кратки раскази. Добитник е на голем број книжевни признанија и победник на неколку важни книжевни натпревари во Хрватска.

Види повеќе