Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Драматична и потресна сага за „векот на логорите“, како што уште се нарекува XX век. Човековата трагична судбина од Шпанската граѓанска војна преку Јасеновац и Блајбург, Кравица и Сребреница, сè до бомбардирањето на Србија од страна на НАТО, се одвива на големите платна на толеранцијата, опстанокот и болката. Главната протагонистка на романот со својот чудесен ерос воспоставува баланс помеѓу темнината и светлината нудејќи надеж во спасувањето на невиното, или барем инаков поглед на она што останало во „остатоците од светот“.
„Несомнено најдобриот роман на Игор Маројевиќ досега.“ – Зоран Богнар
„Еден од најдобрите српски романи во XXI век.“ – д-р Игор Перишиќ
Игор Маројевиќ (1968) е српски писател и преведувач. Студирал српскохрватски јазик и југословенска книжевност. Посетувал докторски студии по светска книжевност на Универзитетот „Аутонома“ во Барселона. Автор е на девет романи, две новели и четири збирки раскази. Негови дела се преведени на седумнаесет јазици. Живее на релација меѓу Белград и Барселона. Преведува проза од шпански и од каталонски јазик. Член е на српскиот и на каталонскиот ПЕН-центар.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам