| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
„Магливи капки
се лепат за лицето
гранките од тополата
се кршат
– тука останувам јас
вечна зима.“
Милена Сиљаноска (1997) е дипломиран професор по општа и компаративна книжевност. Работи како уредник во Издавачки центар ТРИ. Има објавувано поезија и проза во „Современост“, „Зенит“, „Литературни искри“, во студентскиот весник „In medias res“. Во 2012 година добива награда на литературен конкурс организиран од Дата ПЕСНОПОЈ – Битола, кои ѝ ја објавуваат стихозбирката „Ако имаш време“ како дел од едицијата „Гласини“. Во 2023 година го доби признанието „Антев златник“ од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски– Антево перо“, за поетскиот ракопис „Болопадание“. Голем дел од песните се вклучени во збирката „Куќичка на дрво не е дом“. Својот прв роман „Ронлива“ го објави во 2024 година. Во своите ракописи опфаќа повеќе егзистенцијални и клучни теми – за времето, судбината, животот, смртта, религијата и Бог и самата смисла на постоењето.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам