×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Слово на молкот и бунтот

Слово на молкот и бунтот

Ванчо Накев


Издавач: ТРИ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Година на издавање: 2026
Број на страници: 118
Димензија: 12 x 20 cm
Автор: Ванчо Накев
ISBN: 9786082810935
Жанр: Поезија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
250 ден.
Ванчо Накев

Ванчо Накев

Ванчо Накев е современ македонски поет кој живее во Скандинавија. Роден е во Штип, во 1963 година, во патријархално работничко семејство. Детството го поминал во приградската населба покрај тогашниот памучен гигант „Македонка“, каде што работеле неговите родители. Сликите од паркот на фабриката полн со цвеќиња, пауни, срни и змии во жешките летни денови, како и недозволеното капење во реката Брегалница, оставиле неизбришлива трага кај него. За време на гимназиските денови во Штип бил активен член на драмското студио во Домот на културата „Ацо Шопов“. Под водство на режисерот Симеон Гаврилов, учествува во неколку култни претстави. За „Живот и страданија Пасквелски“ Гаврилов добива награда за најдобра режија на фестивалот БРАМС во Белград, во 1980 г., а Накев ја добива наградата за најголемо актерско изненадување на Фестивалот. По отслужувањето на воениот рок во Пула и Сплит, се запишува на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за глума. Но поради принципиелно несогласување со некои од главните професори, со скршена волја заминува во потрага по среќата во светот. Иако во втор план, поради нужноста да се обезбеди егзистенција, љубовта кон уметноста кај него не само што не згаснува туку добива и нова димензија и значење. Уште поискрено и со поголем жар ѝ се посветува на уметноста и активно учествува на курсеви, семинари и театарски работилници, како во Упсала така и на Институтот за драма во Стокхолм. Некое време е член на драмската група во ТВ Упсала и има забележана улога во праизведбата на пиесата „Клиника“ од познатиот шведски драматург Ларс Норен. Има снимено и неколку хибридно документарни филмови со младиот надежен режисер Виктор Јохансон, а учествува и во филмот „Принцеза“ од Тереза Фабик. Не само заради егзистенција туку и поради љубопитноста кон животот и работата, Накев има повеќе професии: хуманитарец, квалификуван машински водач за пресување на хартија, интериерно реновирање и уредување, возач на такси и автобус, ресторатeр итн. Со блискиот пријател Јован Христовски се заслужни за донациите на повеќе противпожарни возила од страна на Шведската противпожарна служба во неколку градови низ Македонија. Пишува стихови „за своја душа“ уште од млада возраст. Покрај неколкуте објави во периодиката, има објавено пет стихозбирки кои се позитивно оценети од критиката – „Од спротива“ (2015), „Припек на зајдисонце“ (2017), „Камено зглавје“ (2018), „Сончевина, срцевина, пурпур“ (2020), „Бело виножито“ (2022), како и избор „Ултравиолет“, направен од Филип Клетников (2024).

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира