×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




На ти со Ерос и Танатос

На ти со Ерос и Танатос

Виолета Танчева-Златева


Издавач: ТРИ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 86
Година на издавање: 2025
Димензија: 12 x 20 cm
Автор: Виолета Танчева-Златева
ISBN: 9786082810348
Жанр: Поезија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
250 ден.

Поезијата на Виолета Танчева-Златева се доживува како сведоштво на длабоко проживеано искуство прикажано во прочистен поетски дух. Лирскиот наратив диспонира вибрации од доживувања до мислења, од пофалби на еротското и телесното до меланхолични увиди во состојбите на танатосот – колку катарзично зашто сѐ минува низ болката, толку и исцелително зашто останува бледа линија на лузната како зарасната рана.

Главни адути на стихозбирката „На ти со Ерос и Танатос“ се прецизна структурна осмисленост, згуснати и продлабочени тематски јадра кои се преобразуваат во непосреден и сугестивен пев остварен низ нишките на сетилното и реалното преку богата метафора, симболите, поетската игривост и асоцијативност. Во оваа внимателно организирана книга читателот ќе наиде на мотивска разгранетост, густ, но контролиран и сериозен израз кој совршено ги отсликува емоциите давајќи им посебен јазичен колорит.

Славе Ѓорѓо Димоски

Виолета Танчева-Златева умешно, автентично и игриво ја преиспитува парадигмата на љубовта и припадноста, на присуството и отсуството, на загубата и надежта, на суштината на меѓупартнерските односи, на животот како разминување. На сопствениот предизвик да ги преточи во стихови таа одговара во нејзин стил: максимално искрено, луцидно и беспоштедно, небаре со Ерос и Танатос во живо води разговор за душата, телото и духот.

Лидија Димовска

Виолета Танчева-Златева

Виолета Танчева-Златева

Види повеќе