Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Нема на залиха |
Заштедувате 50 ден.
Се враќам во проѕирност
Во целосна провидност
И раствореност во екот...
Се враќам во светото привидение
Во пукнатината на мојата душа
Таму каде што никогаш не ќе можам
Целосно и свесно
Да се вратам
Ултравиолетовиот цвет на Ванчо Накев е синтеза на демонското и ангелското, негова оригинална поетско-филозофска рефлексија. Неговиот ултравиолет како есенцијална супстанција на душата по аналогија е слична на дијамантот кој треба да ја мине долгата ноќ на јагленот, столетна и милениумска, за да светне најпосле врз прстенот на младоженците како врховен симбол на животот по падот.
„Ултравиолет“ е избор од петте објавени книги на Ванчо Накев, направен од Филип Клетников, исклучителен познавач и егзегет на неговата поезија во еден сјаен херменевтички клуч. Тој се потрудил во овој строг избор да го избере најубавото од поезијата на Накев, истовремено и со една откровенска намера да ја открие неа како моќна експресија и автентичен остров во архипелагот на современата македонска поезија.
Ефтим Клетников
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам