×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Слепо сонце

Слепо сонце


Издавач: ТРИ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страни: 128
Година на издавање: 2025
Димензија: 12 x 20 cm
Автор: Ванчо Накев
ISBN: 9786082810270
Жанр: Поезија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
200 ден.

Слепо сонце укажува на една сериозна „пукнатина“ во „совршеноста“ на светот. Ако и светлината е „слепа“, имаме сосема малку рационални причини да веруваме дека ова е „најдобриот од сите можни светови“, како што тврдеше Лајбниц... Оваа поезија трепери меѓу тие два пола: дали среќата и несреќата имаат воопшто смисла? Дали светот (особено денешниов, „забеган“ и дехуманизиран) има онтолошка семантика и гносеолошка заснованост? Се чини дека за Накев единствено Логосот, речта, поетската реч, ја одржува смислата. Неговата поезија покажува дека силната поезија настанува токму од некаков егзистенцијален кусок, од некакво чувство за угроза на смислата на животот, и дека тој недостиг од смисла мора да се инјектира во светот и во животот преку чинот на пеењето.


Поезијата е главната инфузија од смисла во еден денес целосно обесмислен свет. Поезијата е, очигледно, светлина, светлосно исцелување.

Венко Андоновски