×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Чат-пат е добро да се читне некоја книга

Чат-пат е добро да се читне некоја книга

Срѓан Драгојевиќ


Издавач: ТРИ
Автор: Срѓан Драгојевиќ
ISBN: 9786082309804
Жанр: Поезија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
380 ден.

Несекојдневно, чудесно, интересно и бескомпромисно – поезија на револуцијата!

Ако по читањето на овие стихови не ве полазија благи морници од суптилно естетско задоволство, нешто не е во ред: 1) со песните 2) со вас. Бидејќи стиховите се – а секој писмен критичар ќе се заколне дека се – врвни, останува само длабоко да се замислите за следните прашања: кога, како и зошто станав толку нечувстителен и отрпнат? Зошто од сите овие бисери мојата душа не затрепери? И каде е таа, по ѓаволите?

Овие песни се пишувани во последната мирнодопска деценија на Југославија и го отсликуваат духот на тоа време и младешкиот бунт на поетот и неговата генерација. Со (авто)иронија и голема самоувереност, тој им се потсмева на авторитетите и на застарените норми истакнувајќи дека единственото навистина важно нешто е уметноста.

Духовита, остроумна и храбра, понекогаш сурова и апсурдна, поезија во која може да се пронајде секоја генерација. Пловењето низ песните во оваа книга со интригантен наслов е возбудливо искуство кое ги шири хоризонтите – и на поезијата и на животот.


Срѓан Драгојевиќ

Срѓан Драгојевиќ

Срѓан Драгојевиќ е современ српски филмски и телевизиски режисер, сценарист и писател, еден од најзначајните српски филмск автори од средната генерација. Филмската кариера ја почнал во текот на 1990-тите години и наскоро станал еден од најпрепознатливите личности на српската кинематографија. Ги има режирано филмовите „Ние не сме ангели“, тинејџерска комедија со која се прославил, потоа „Отворена врата“, „Убавите села убаво горат“, „Рани“, „Парада“, „Свети Ѓорѓи ја убива ламјата“, „Небеса“, „Атомски од десно“.

Роден е на 1 јануари 1963 година, во Белград. Како основец освоил прва награда со својата панк-група „Луцифер“ на музичкиот фестивал „Панкеријада“, во 1979 година. Матурирал во Земунската гимназији. Се запишал на Правен факултет, но наскоро го напуштил и се запишал на Психологија на Филозофскиот факултет. При крајот на студиите по психологија се запишал и на Факултетот за драмски уметности, каде што исто така дипломирал.

За своите филмови има добиено повеќе домашни и меѓународни награди, меѓу кои Награда од жирито на Меѓународниот филмски фестивал во Сао Паоло, Награда „Бронзен коњ“ на Меѓународниот филмски фестивал во Стокхолм, Награда за најдобар уметнички придонес на Светскиот филмски фестивал во Монтреал, три награди на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин.

Има издадено и три поетски книги. За „Книга на  акциона поезија“ во 1986 година на добил Наградата „Бранко Радичевиќ“. Во 1988 година ја објавил „Чичко ковач потковува бебе“, а во 1994 година ја издава книгата „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво“.

Во 2010 година ја издава книгата со три сценарија „Поранешни и две приказни за новата деценија“.

Види повеќе