×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Антологија на копнежот од современата македонска поезија

Антологија на копнежот од современата македонска поезија

Виолета Танчева-Златева


Издавач: ТРИ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страни: 236
Година на издавање: 2024
Димензија: 12 x 20 cm
ISBN: 9786082810157
Жанр: Поезија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Нема на залиха
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
400 ден.

Жед

А како мреам кога те гледам,
не знае никој, ниту ќе знае.
Тоа е подла жед – ќе речеш.
Тоа е потез на жедна рака
до ѕвезден предел – јас ќе речам.

Блаже Конески

 

Песната е рожба на копнежот. Како предуслов за самиот чин на создавање, тој не е немаштија, туку е наше внатрешно азно од чија полнотија претекуваат стихови што сакаат да ја пополнат празнината давајќи му смисла на самиот живот.

Среде истрадувањето на болката од недостигот, од кусовечноста и смртноста, копнежот моќно се раскрилува: да се проникне во најдлабокото себство, да се рашират видиците и да се освојат со крупен чекор, да се досегне љубеното битие, но истовремено и најсуштинското јас, да се излезе од мракот, од скудноста на постоењето, да се стане еднаков со Бога преку љубовта и светлината. Како што блескаво забележува нашиот Блаже Конески, копнежот е „потез на жедна рака по ѕвезден предел“.

Виолета Танчева-Златева

Виолета Танчева-Златева

Види повеќе