| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Хроничарот на Шерлок, д-р Вотсон, уште еднаш ја отвора својата тетратка и ни открива низа нови случаи во кои се испреплетува секојдневното со чудното, бизарното и морбидното. Овие мистерии вклучуваат исчезнување на тајни планови од исклучителна политичка важност, но и на една богата, благородна дама; убиства што на прв поглед изгледаат како да се дело на ѓаволот; и интернационална шпионска војна, чијшто главен протагонист ни е познат на сите. Сите овие случаи, без разлика дали се светски или локални, го засегаат Шерлок Холмс. Книгата „Пред да падне завесата: некои сеќавања на Шерлок Холмс“, објавена во 1917 година, е четвртата збирка раскази посветена на познатиот детектив и неговиот помошник д-р Вотсон. Оваа збирка содржи интересна мешавина од некои од најморбидните („Стапалото на ѓаволот“) и најполитичките („Плановите на Брус-Партингтон“, „Пред да падне завесата“) раскази на Артур Конан Дојл.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам