| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
„Понекогаш се враќаат“ е шеста книга на Димитрие Дурацовски – роман за една куќа, за многуте животи и смртти во неа, за предметите и фиоките од каде што се прелеваат приказни; роман за враќањето во утробата (regressus ad uterum) преку една величествена блажена самотија; за „калливата но топла, удобна и сигурна провинција“, за Струга што „наликува на излупен бел бадем“... „Понекогаш се враќаат“ е роман со два краја – еден внатре, друг надвор, на задната корица. Во него Дурацовски за прв пат создава, гради, пишува и слика само и исклучиво со зборови.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам