| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
„Поезијата на Андреј Ал-Асади спаѓа меѓу најпрепознатливите достоинства на помладата современа македонска поезија. Со објавувањето на првата книга од критиката и од читателите се препозна појава на нов свеж глас во нашата литература, а со следните две-три тој впечаток само се потврди. Секоја нова книга од овој, веќе афирмиран автор, претставува вистински настан за нашето културно живеење. Неговото поетско писмо го определуваат атрибути што укажуваат на посветеност, внесување нови теми и инсистирање кон висока артикулација на македонскиот поетски исказ. Смелоста за моќна и сугестивна, алузивна и длабински мотивирана метафорика и згуснати лирски пластови се само дел од стратешките потези и креативни алатки со чија помош Андреј Ал-Асади ја издигнува и потврдува сопствената лирска зрелост.“
Славе Ѓорѓо Димоски
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам