×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Скриени желби немирни патувања

Скриени желби немирни патувања

Владимир Јанковски


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Автор: Владимир Јанковски
ISBN: 9786082434179
Жанр: Домашни автори
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
300 ден.

„Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој врз основната приказна за четири ликови се вкрстуваат приказните на педесетина луѓе од различни географски меридијани.

Книгата претставува микс од приказни, преплетени и вмрежени меѓу себе, доловени со многу детали, хаику-моменти, филмски секвенции, духовни епифании. Роман за интеракцијата меѓу личното и надворешното, за начинот на кој атмосферата и ситуациите ги обликуваат нашите внатрешни пејзажи, за потребата да се раскажуваат приказни и да се пронаоѓаат сјајот и лагата во нив. Еден од најинтересните аспекти во романот е релацијата меѓу четирите основни и преостанатите куси приказни. Од таа релација се градат визуелни и мисловни контрапункти, ситни драматуршки пресврти, нијансирани поттекстови. Комбинацијата од непристрасен поглед на камера и лично обоено раскажување создава необичен тон, кој предизвикува читателот да биде оставен пред отворената врата на толкувањето.

Владимир Јанковски

Владимир Јанковски

Види повеќе