Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Оној кој помалку се потпира на среќата, подолго се задржува на власт.
„Владетелот“, најпознатото дело на Николо Макијавели кое се смета за втемелувач на модерната политичка наука, дава зачудувачки практична формула за успех. Рецептот за моќ образложен во 26 поглавја е релевантен и денес, во актуелните превирања на XXI век.
Владетелот мора да биде храбар и енергичен, ако е потребно дури и безобѕирен, за да може да ја постигне својата цел, пишува Макијавели. Мора да се потпира на сопствените сили, на својата војска и на народот и да ги одбегнува платениците; да не биде скржав, но не и премногу дарежлив; да се стреми попрво да се плашат од него отколку да го сакаат; мудро да ги прима добрите совети и да настојува да биде што поценет, а особено да внимава да не стане омразен и презрен од својот народ.
И по точно 510 години од нејзиното создавање, оваа безвременска лекција за владеење и денес го буди интересот, не само кај изучувачите и експертите туку и кај широката читачка публика.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам