×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Дхаммапада мудроста на Буда

Дхаммапада мудроста на Буда


Издавач: Македоника Литера
ISBN: 9786082520704
Жанр: Езотерија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
150 ден.

„Дхаммапада“, чиешто авторство му се припишува на самиот Буда, е еден од најпознатите и најважните текстови од будистичката литература напишан на пали јазикот, кој ги утврдува основните етички принципи и го полага филозофскиот фундамент на раниот будизам. Вклучен е како составен но целосно независен дел во средниот дел Сута-питака од Типитака, т.е. од будистичкиот Пали канон.

Текстот претставува збир од 423 изреки групирани во 26 тематски поглавја. Изреките се кратки и лаконски и се одликуваат со изразена едноставност, а често се во форма на теза и антитеза, но со поетичноста, реалистичноста и многубројните совети оставаат силен впечаток кај читателот. Нишката која ги поврзува сите нив е прашањето на моралното и неморалното живеење, јасното исцртување на доброто и на злото и согледувањето на патиштата кои водат кон среќата и кон пропаста. „Дхаммападата“ исто така може да се сфати и како еден патоказ кој ни укажува на тоа дека ние самите на себеси сме си господари, заштитници и непријатели.