×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Злосторство и казна (Антолог)

Злосторство и казна (Антолог)

Фјодор Михајлович Достоевски


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Автор: Фјодор Михајлович Достоевски
ISBN: 9786082436913
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
700 ден.

„Злосторство и казна“ – едно од најголемите дела на руската и на светската книжевност.

Истовремено и длабок филозофски роман, и напната психолошка драма, и возбудлив трилер, како и величествен опис на еден мрачен град во чијашто утроба луѓето грешат, бараат прошка, се жртвуваат, се одрекуваат од себеси поради своите блиски и наоѓаат душевен спокој во смирение, покајување и вера.

Низ страниците на можеби најголемото класично ремек-дело, на читателот му се нуди уникатна можност да ги истражува темните катчиња на човековата душа. Во центарот на вниманието се наоѓаат филозофските прашања за моралот, слободната волја и природата на човековото злосторство. Анализирајќи ја психолошката состојба на главниот лик, поранешниот студент Родион Раскољников, и историјата на неговото злосторство, авторот ја истражува границата помеѓу доброто и злото, моралот и подлоста.

Дејството е сконцентрирано во девет и пол дена до стореното злосторство и девет години по злосторството (една за време на судењето и осум во прогонство), што секако, како и многу други нешта во овој роман, има длабока симболика.

Фјодор Михајлович Достоевски

Фјодор Михајлович Достоевски

Фјодор Михајлович Достоевски (1821-1881) е еден од најзначајните автори во руската и светската книжевност, втемелувач на психолошкиот роман, зачетник на егзистенцијализмот. Психолошкото проникнување во најмрачните длабочини на човечкото срце и критиката кон општествениот живот, заедно со многуте просветлувачки моменти, извршиле големо влијание за придвижување на светската литература кон нов правец. Многу теоретичари, вклучувајќи го и самиот Фројд, го сметале за зачетник на психолошката теорија и анализа.

Роден е во Москва, во богато семејство. Неговите родители го образовале уште од најмала возраст. Кога имал три години, неговата негувателка Алена Фроловна веќе му читала херојски приказни, легенди и бајки, што ја прави клучна фигура во развивање на неговата љубов кон литературата. Средното образование го стекнал во приватен пансион во Москва. По смртта на мајка му, со брат му Михаил биле пратени на Воената академија во Санкт Петербург, кога во меѓувреме починал и татко им. Воената академија никогаш не ја засакал, повеќе ѝ се посветил на книжевноста и ги запоставувал другите науки. Во овој период превел едно од најпознатите дела на Оноре де Балзак, „Евгенија Гранде“, и објавувал во списанието на брат му, „Епоха“. Но сепак успеал да ја заврши Академијата и во 1843 ја започнал воената служба како офицер.

Во 1846 година го објавил романот „Бедни луѓе“, за кој добил одлични критики. Книжевниот критичар Висарион Белински рекол дека се родил новиот Гогољ. Тоа било време кога Достоевски почнал да ги развива своите револуционерни политички ставови и да членува во кружокот на Белински, поради што неколупати бил апсен, а еднаш и помилуван од смртна казна и пратен во работнички логор во Сибир. Таму доживеал пресврт – ги прифатил традиционалните руски вредности, станал христијанин и голем противник на филозофијата на нихилизмот. Тогаш ја запознал Марија Димитриевна Исаева, вдовица на свој пријател од Сибир, со која се оженил. Нејзината смрт и смртта на брат му, во 1864 година, како и лошата финансиска состојба, го довеле до депресија. Често губел пари на коцка и се задолжувал. За да ги исплати долговите, во тој период за рекордно време ја напишал „Злосторство и казна“. Потоа и книгата „Коцкар“, за да го исполни договорот со своите издавачи.

Кога се вратил од патувањето низ Западна Европа, царот Александар II го повикал да чита извадоци од неговите дела и да ги подучува неговите двајца синови.

Последниот период од животот му бил најплоден. Тогаш ги напишал и ги објавил „Понижени и навредени“, „Записи од подземјето“, „Идиот“, „Бесови“, „Кротка“ и др. „Записи од подземјето“ се смета за прва егзистенцијалистичка книга што повлекува други ремек-дела во светската литература, како „Странецот“ од Ками или „Чекајќи го Годо“ од Бекет. Последен роман му е „Браќа Карамазови“, објавуван во продолженија во списанието „Руски весник“ во текот на 1879 и 1880 година, кој се смета за круна на неговото творештво.

Починал во 1881 година, од крвавење предизвикано од епилептичен напад. На неговото последно испраќање присуствувале околу 40.000 луѓе, почест што им била оддавана единствено на телата на руските цареви. Повеќето биле млади и студенти, кои го претвориле погребот во своевидна демонстрација против царизмот. 

Види повеќе