×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Книга што сакате да ја прочитаат вашите сакани

Книга што сакате да ја прочитаат вашите сакани

Филипа Пери


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Филипа Пери
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
ISBN: 9786082309873
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
400 ден.

Животот во најголема мера зависи од поврзаноста меѓу луѓето и од квалитетот на врските – семејни, партнерски, пријателски... А најважна меѓу нив е поврзаноста со себеси. Ако изградите здрава и функционална врска со самите себе и со светот, тогаш сите останати нешта во животот стануваат полесни за справување.

Чувството на поврзаност со другите, па дури и со идеите, предметите или околината, е дел од вистинското човекување. Со здрава доза на обмисленост, советите на Филипа Пери ќе ви помогнат да станете поздрава и поразумна личност и ќе ви дадат одговори на многу прашања: Како да ја пронајдете и одржувате љубовта? Што можете да направите за да се справите со секојдневните конфликти? Како можете да се одглавите кога се чувствувате изгубено?

Низ долгогодишната пракса, Филипа Пери дошла до сознание за многу современи празнини и дилеми. Секоја личност е единствена, а прашањата на животот се многу конкретни, но сепак, постојат обрасци и заеднички карактеристики и на секое прашање може да се применат некои општи мудрости и техники. Оваа книга изобилува токму со такви практични прашања и одговори.

 „Мудар придружник за сите животни предизвици.“

Киркус ривјус

Филипа Пери

Филипа Пери

Филипа Пери (1957) е современа британска психотерапевтка и авторка.

Родена е во Варингтон, Ланкашир. Нејзиното семејство од мајчина страна имало текстилна фабрика, а татко ѝ наследил инженерска компанија и фарма. Тоа ѝ овозможило на Филипа да учи во познатото женско училиште „Еботс Бромли“ и да заврши швајцарско приватно училиште. Дипломирала уметност на Политехничкиот универзитет „Мидлсекс“ во Лондон.

Во 1958 г. волонтирала во „Самаританс“, добротворна организација за емоционална поддршка на луѓе кои се соочуваат со некој животен проблем, каде што се обучила и станала психотерапет. Во областа за менталното здравје работи над 20 години.

Како психотерапевт, редовно пишувала колумни во повеќе списанија, меѓу кои и за „Псајхолоџи магазин“. Во 2013 година, во „Ред магазин“ започнува нова форма на колумни преку прашања и одговори, а од 20 јуни 2021 г. води слична колумна за „Обсервер“.

Досега ги објавила книгите „Приказни од каучот: графичка новела за психотерапијата“ (2010), во која се обидува да ја демистифицира психотерапијата објаснувајќи ја од перспектива и на психотерапевтот и на пациентот; „Како да останете разумни“ (2010); „Книга што посакувате да ја прочитале вашите родители (а на вашите деца ќе им биде мило што вие сте ја прочитале)“ (2019), со која доживува светски успех, па за брзо време книгата станува бестселер и се искачува на многу топ-листи за книги од областа на психотерапијата.

Работи како психотерапевт во организацијата „Разговарај за здравје“. Има учествувано и во неколку документарци: „Вистината за децата што лажат“ и „Чувствителна возраст“ за Би-би-си 4, „Да се биде биполарен“ (Канал 4), „Големо британско истражување за сексот“ (Канал 4).

Учествува во различни радио и видеопрограми со истата цел – да им помогне на луѓето да ги подобрат врските со луѓето кои им значат најмногу.

Живее во Лондон со својот сопруг, уметникот Грејсон Пери, со кого ја имаат ќерката Фло Пери, и самата авторка и илустраторка. 

Види повеќе