Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Нема на залиха |
Епски роман за Виолета дел Ваље, чиј живот, долг еден век, го опфаќа времето на најголемите историски настани на XX век, во светот и во нејзината земја од Латинска Америка – Големата депресија, Втората светска војна, диктатури, природни катастрофи, две светски пандемии, и тоа на „шпанскиот грип“ при нејзиното раѓање во 1920 година и на коронавирусот при нејзината смрт во 2020 година.
Преку долго писмо упатено на саканиот внук Камило ги опишува најважните моменти што го обележале нејзиниот живот: страсните романси и љубовни разочарувања, моментите на болка и на страв, времињата на сиромаштија и на богатство, на тешки лични трагедии и на голема среќа. Но врз нејзиниот живот не влијаат само личните и историските настани. Него го обликуваат и поддршката на женските организации за борбата за женските права и борбата против семејното насилство.
Изабел Аљенде повторно ни нуди возбудлив роман, исполнет со топлина и длабоки емоции.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам