×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Изворите на Влтава

Изворите на Влтава

Петра Клабоухова


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Автор: Петра Клабоухова
ISBN: 9786082436852
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
400 ден.

„Изворите на В’лтава“ базично му припаѓа на детективскиот жанр, но се надоградува како историско-политички трилер.

Зад приказната за пронаоѓањето на мртвата девојка Тереза Велкова една студена ноќ во Шумава и истрагата за нејзината смрт, се откриваат долго премолчуваните вистини за воените злосторства во чешко-германскиот граничен регион. Убиената девојка е пронајдена во затвореничка облека на риги со еврејски амблем. Изнурнуваат приказните за подземни тунели, за тајна нацистичка фабрика за авионски делови и за логор кој не бил никаде евидентиран и за чии жртви не постои никаква трага. Старите приказни влијаат врз животите на новите генерации што живеат во таа област. Духот на наследените нетрпеливости ја интензивира поделеноста на заедницата и овозможува понирање во длабоките слоеви на психолошките профили на главните ликови на приказната.  

Романот се има закитено со почесното признание „Јиржи Марко“, награда која се доделува за најдобриот детективски роман во Чешка.

 

Петра Клабоухова

Петра Клабоухова

Петра Клабоухова (1980) е современа чешка писателка. Потекнува од југот на земјата и честопати се селела на релација – Чешка, Италија и Соединетите Американски Држави. Студирала новинарство, психологија и меѓународни односи. Долго време работела како новинарка, но и како музички менаџер. Била застапник на неколку рок-групи, меѓу кои и: „Холивуд вемпајарс“, „С.Е.К.С. Дипертмент“ и „Рокенрол ерми“. Авторка е на десетина книги – романи за деца и возрасни. 

Види повеќе