Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Подобрете ги сите области на своето здравје – спиењето, желбата за храна, расположението, енергијата, кожата, тежината – па дури и забавете го стареењето со помош на едноставни и научно втемелени трикови за управување со нивото на шеќер во крвта, а истовремено продолжете да ја јадете храната што ја сакате.
Гликозата (шеќер во крвта) е малечка молекула во нашето тело што има огромно влијание на нашето здравје. Таа стига во крвотокот благодарение на храната што содржи скроб или шеќер. Деведесет отсто од луѓето страдаат од преголема количина во организмот, а тоа речиси и не го знаат.
Кои се симптомите на тоа? Копнежот по храна, уморот, неплодноста, хормонските нарушувања, акните, брчките… Со време дури можат да се развијат и болести како што се дијабетес тип 2, синдромот на полицистични јајници, рак, деменција и срцеви заболувања.
Потпирајќи се на најсовремените научни откритија и на своите пионерски истражувања, биохемичарката Жеси Еншоспе нуди десет едноставни и изненадувачки трикови што ќе ви помогнат да го урамнотежите нивото на гликоза и да се ослободите од симптомите, а притоа не морате да држите диета ниту да се одрекувате од храната што ја сакате.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам