×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Акција
Тристан / Тонио Крегер

Тристан / Тонио Крегер


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страни: 125
Година на издавање: 2025
Автор: Томас Ман
ISBN: 9786082437774
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
240 ден. 300 ден.

Заштедувате 60 ден.

„Тристан“ се одвива во санаториум, каде што господин Шпинел ја запознава Габриела – кревка жена со уметничка душа која боледува од некоја болест.

Габриела е мажена, а нејзиниот маж е практичен човек, бизнисмен кој нема никаква допирна точка со уметноста. По нивното запознавање, Шпинел ја гледа Габриела како романтична и трагична личност, така што дава поддршка на нејзините уметнички интереси. Исто така им посветува внимание и на нејзините силни чувства кои нејзиниот маж воопшто не ги забележува. Новелата алудира на делови од митот за Тристан и Изолда, како и на истоимената Вагнерова опера.

 „Тонио Крегер“ го следи животот на човекот од училишните денови до созревањето.

Тонио е син на германски бизнисмен и мајка Италијанка со уметнички дух. Момчето е поделено помеѓу два концепта: од една страна е соочен со дисциплинираниот, подреден свет на неговиот татко, а од другата со романтичниот, креативен свет на неговата мајка. Кога ќе порасне, станува пистаел, но неговата вокација го прави само поосамен. Патува низ јужна Европа живеејќи како вистински уметник, но никогаш не се чувствува дека го пронашол својот дом. Сфаќа дека е аутсајдер: со преголема уметничка душа во споредба со обичните луѓе, но премногу обичен за вистинските уметници.

Томас Ман си игра со биполарноста на светот, но ја прикажува и дуалноста на начинот на кој тој бил одгледан, како и големото влијание на Шопенхауер и на Вагнер во раните фази од неговото творештво.

Можеби ќе ве интересира