Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Ова, во многу аспекти и поради многу причини, е посебно и капитално дело: собрани стихови на поетот, прозаист, уредник и преведувач Игор Исаковски (1970–2014). Овој извонреден издавачки потфат се случува десетина години по ненадејната и прерана смрт на Игор, во годината кога тој ќе наполнеше педесет и пет години.
Препрочитувањето на поезијата на Игор за мене беше еден долготраен, тегобен и мачен, но едновремено и неверојатно просветлувачки процес, едно од оние животни искуства кои некако го менуваат човека. Читањето на овој обемен корпус стихови што се мрачни, љубовни, еротски, безобразни, сурови, цинични, алкохолизирани, повторливи, баладни, епски, сатирични, филозофски, осамени, гневни, возбудливи, ритмични, екстатични, телесни, отуѓени, бунтовни, помирливи, животворни, смртоповикувачки, разурнувачки, бесни, смирувачки, роморливи, обилни, но никако невпечатливи, рамнолиниски и занемарливи, беше едно повторно, длабоко медитативно соочување со она што за (во и од) Игор беше поезијата: „чувствено продирање низ суштината“.
Го завршувам своето препрочитување со мислата дека сите зборови собрани овде се всушност една голема света книга, послание за еден фанатичен поетски аџилак, за една целоживотна потрага по душата и во душата на еден поетски аскет, на еден совршен поет“.
Елизабета Баковска
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам