| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Оваа книга е најновата збирка (овојпат автобиографски) кратки раскази на Живко Грозданоски. Идејата зад насловот е едноставна: сепијата во океанот фрла црн облак мастило – за да збуни, за да зашемети – и да си обезбеди мир. Со пишувањето, пак, мастилото повторно може да збуни и за да зашемети, но 'во спротивна насока': може да збуни и да зашемети со отвореноста, со разоружувачката искреност, која е, всушност, во контраст со мастилото и оној црн облак од сепијата.
„Смеам ли да напишам приказна која ќе ја собере во себе туѓата болка и потоа ќе ја ослободи?“ - се прашува нараторот на едно место во книгата и искрено, но и категорично изјавува: „Не сум сигурен во одговорите, и не знам дали некогаш ќе бидам. Но, сега сум тука, сега кажувам.“
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам