| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Дебитанската книга и првата збирка раскази од Драги Михајловски.
Расказите се реминисценции од детството на авторот во кои провејува фиктивниот свет на неговите сеќавања. Спомените и детските фантазии се ројат околу Курдерес, битолската река што денес повеќе не постои, како пчелите околу водата. Оттука доаѓа и насловот на збирката. Писателската имагинација кривулка по течението на Курдерес (на турски „волчи поток“) низ мозаикот од разни детски доживувања, сеќавања, расположенија, мечти и фантазии.
Во „Сенка“, „Слика“ и „Мрежа“ се прикажани случките од детството поврзани со родителите, во „Леван“ првите љубовни мечти и така натаму. Детството на авторот не е преокупација на Михајловски само во раниот период од неговото творештво, туку и во книгите за деца, како и во неговиот роман „Бдеењето на Одисеј“. Книгата е оригинално објавена во 1981 година. Ова е прво нејзино издание оттогаш.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам