×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Секојдневието на Војомир

Секојдневието на Војомир


Издавач: Бегемот
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Година на издавање: 2026
Димензија: 14 x 20.5 cm
ISBN: 9786085064182
Жанр: Кратки раскази
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
300 ден.

„Секојдневието на Војомир“ е збирка динамични раскази за безимени ликови во своите секојдневни, „Војомирски“ ситуации и противречности. Апсурдни, сатирични, будалести, надреални, противречни, црнохуморни... Расказите се движат по тенката линија меѓу реалното и фантастичното, дозволувајќи им на тие два света слободно да се преплетуваат во несекојдневна книжевна игра. Низ четириесетина куси приказни, авторот создава галерија од ликови натоварени со сопствениот животен багаж, кои се обидуваат за своите бизарни проблеми да најдат решенија, честопати уште побизарни од самите проблеми. Расказите го ставаат под лупа „малиот“ човек – во неговиот свет како расипан механизам што крцка, пука и му се смее во лице – оној што тивко се бори со сопствените стравови и со реалноста што постојано му се лизга под нозете.