×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Времето ќе ја истресе тишината

Времето ќе ја истресе тишината

Мане Манушев


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 96
Година на издавање: 2026
ISBN: 9786082438382
Жанр: Поезија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
300 ден.

„Времето ќе ја истресе тишината“ е амалгам од едноставност, бунтовност и лиричност. Или, со други зборови кажано, оваа книга наликува на тој што ја пишува, односно, можеби поточно е да се каже: му приличи и му доликува, а тоа ја прави веродостојна и стварна. 

– Ѓоко Здравески

Со илустрации од свои фотографии, Мане Манушев ги прикажува формата, структурата и текстурата на современата поезија на разбирлив, осмислен и духовит начин.  Неговиот глас во рамки на уметностите е современ и уникатен: глас што заслужува не само да биде чуен туку и да одекне насекаде. 

– Крег Фергусон

Со тон на меланхоличен бунтовник, Мане Манушев го води читателот низ вознемирувачките пејзажи на неприпадноста, несигурноста и неизвесноста,  во меѓупростори што не можат да се именуваат, каде што се судираат месечината и фаровите од автомобилите, асфалтот и небото. Талкањето во постојан расчекор со хаотичната денешница не е безопасно и проследено е со постојан, повремено придушен крик по смисла. 

– Иван Шопов

Мане Манушев

Мане Манушев

Види повеќе