| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Мемоарите на светски познатиот лидер Исак К. Адижес
Ова е книга која зборува за гледањето на секој предизвик како можност за раст - поглед на човекот кој успеал да го надмине детството обележано со затворање во нацистички концентрационен логор и имиграција во непозната земја за да ги открие придобивките од отворањето на своето срце.
Отфрлајќи ја изолацијата и стравот, тој станува познат светски лидер, кој советува компании и влади ширум светот за просперитет граден на култура на доверба и почит.
Личната приказна на д-р Адижес е повеќе од низа надворешни настани што го движеле низ неволји за да стане прониклива, сочувствителна личност каква што е денес. Таа е мапа на патувањето на неговото срце кое, како хармониката на која свирел за да заработи за живот и да се посвети на учењето, на крајот се проширило и се отворило кон универзалните вистини што нè поврзуваат сите во нашата човечност.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам