| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
За книгата, во поговорот, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска истакнува: „Потребата да се открие потеклото на женскиот молк и јачината на женскиот крик е мисла водилка во исчитувањето на ова научно истражување од Рената Пенчова. Претставувањето на женскиот идентитет и женственоста во основоположничката генерација на современата македонска поезија открива сложена интеракција помеѓу културните норми, историскиот контекст и литературниот израз. Избрани се посебни, ферментирани стихови од автори и авторки со цел да се прикажат на една оска. (…) Ослободувањето од стегите се случува постепено, поточно, молкот се преобразува во говор, потчинетоста во самосвест, а маргинализацијата во рамоправност.“
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам