| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
„Длабок простор“ е десетта поетска збирка на Зоран Анчевски што продолжува оттаму од каде што се запрело со претходните, но отвора и нови патчиња и предели во кои песната скршнува и понира, за да се врати уште попрецизна, побогата, поширока и подлабока, како што кажува и самиот наслов. Згуснатата лирика на Анчевски со нагласена гномска ориентација и истенчен вкус за перфекција, овојпат ни се претставува преку строго зададен и совршено реализиран концепт: пролог (песна со многу прашања), 5 циклуси и кода, завршна песна со универзален одговор што целата збирка ја заокружува во програмска песна за песната, таква како што ја подразбира Анчевски, поетот од самиот врв на современата македонска поезија.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам