Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Нема на залиха |
Оваа антологија содржи 16 раскази од генерација кинески писатели родени во 80-те години на 20 век и потоа, како и критички вовед од приредувачите. Таа е прва од ваков вид на странски јазик, односно наменета за читателите надвор од Кина. Расказите се избрани врз основа на два критериума: широката распространетост и прифатеност на делата и на авторите и нивното значење за запознавање и изучување на современата кинеска литература и општество.
Антологијата е отворен прозорец за надворешниот свет за делата на оваа генерација и за урбаниот живот на младите во современа Кина. „Постосумдесеттите“ го означува и животниот стил на оваа „нова генерација“ во урбаната Кина, која делумно се карактеризира со потрошувачка, хедонизам и потрага по космополитски идентитет во глобалната ера. Повеќето раскази се живописни прикази за овој животен стил. Книгата помага за разбирање на субјективноста и на начинот на живот на оваа кинеска генерација, односно на новата урбана генерација на Кина.
Како што пишува во воведот, „терминот „постосумдесетти“ (80 хоу) е термин кој широко циркулира во кинеските медиуми, а се однесува на демографската група на родени по 1980 година, т.е. на генерациите кои израснале во периодот на `реформите и отворањето` на Кина. Овој термин во одредена мера има слична конотација како `генерација Y` на Запад. Оваа генерација на писатели се појави на книжевната сцена во последните десетина години, заедно со брзата комерцијализација на кинеските масовни медиуми и културни институции во постсоцијалистичката ера.“
Приредувачи на антологискиот избор се Генг Сонг, Ќингсианг Јанг, а преводот од англиски на македонски јазик е на Сибел Ајдинова. Приредувачите се меѓународно водечки научници од областа на современата кинеска литература, културни студии и преведувачки студии. Генг Сонг е вонреден професор на Школата за кинески на универзитет во Хонг Конг, каде предава англиско-кинески превод и синологија. Автор е и уредник на повеќе книги, и на англиски и на кинески јазик. Ќингсианг Јанг е познат писател, литературен критичар и научник за современа кинеска литература во Пекинг. Тој е вонреден професор на Факултетот за слободни уметности на Универзитетот Женмин во Пекинг. Неговиот интерес за истражување се фокусира на т.н. генерација кинески писатели "пост1980-тите".
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам