×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Сакај ме повеќе од се на светот

Сакај ме повеќе од се на светот

Мира Фурлан


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Автор: Мира Фурлан
ISBN: 9786082435497
Жанр: Биографии и мемоари
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
700 ден.

Животот на најголемата филмска и театарска дива на поранешните југословенски простори, Мира Фурлан, е повеќе од живот, преполн возбуда, величествени успеси, падови, љубов и предавство. Во автобиографската книга завршена пред прераната смрт, Мира Фурлан моќно проповеда за својот живот и животот на своите најблиски – од судбината на родителите Бранка и Иван, баба ѝ Љуба, до сопругот Горан и синот Марко, кому воедно и му е посветена книгата. Без задршка Мира Фурлан нѐ вовлекува во сопствениот свет, во својата интимна драма и размислувања. „Сакај ме повеќе од сѐ на светот“ го оживува времето што е изгубено во војната, генерации и поединци што верувале во подобар и посреќен свет и за кои, ако биле наднационалисти како авторката, почетокот на војната значел дека веќе нема место за нив во новите држави.

Емотивна и моќна проза во која го следиме животот на младата интелектуалка, која израснува во дисфункционално семејство и решава да студира глума, каде што се заменуваат среќата и несреќата. Проза во која ги гледаме лицето и опачината на славата, која нѐ врежува со секој нов засек, со секоја нова реченица. Без да испушти нешто и нештедејќи никого, а најмалку себе, Мира Фурлан напишала автобиографија што се чита како роман. Во неа се остварува „американскиот сон“, но на крајот најважна е љубовта, која ѝ помогнала да полесно плови низ кариерата.

Сакај ме повеќе од сѐ на светот е книга полна чувства, а секогаш бескомпромисно и со многу солзи и смеа, евоцира еден цел свет, налик Атлантида, потопен, но не и заборавен.

Мира Фурлан

Мира Фурлан

Види повеќе