| Достапност во продавниците |
|---|
Летото во Бостон е жешко, но како додаток на сето тоа се и низата шокантни злосторства во градот, во кои богатите мажи гледаат како нивните сопруги се киднапирани и малтретирани. Начинот на извршување сугерира на еден човек: серискит убиец Ворен Хојт , кој неодамна е отстранет од улиците на градот. детективката Џејн Рицоли мисли дека постои послушник кој ги имитира изопачените медицински техники на Ворен Хојт. Изненадена е од ненадејниот интерес на американската влада за случајот, како и од средбата со специјалниот агент Габриел Дин кој знае многу повеќе отколку што сака да каже. Намногу од сѐ, таа не е ни свесна дека и самата ќе стане цел, откако Хојт ненадејно ќе се ослободи и ќе му се приклучи на неговиот мистериозен брат по крв во злобната одмазда.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам