×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Рудникот

Рудникот

Миодраг Мајиќ


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Автор: Миодраг Мајиќ
ISBN: 9786082436142
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
450 ден.

ОД АВТОРОТ НА БЕСТСЕЛЕРИТЕ „ДЕЦА НА ЗЛОТО“ И „ОСТРОВОТ НА ПЕЛИКАНИТЕ“

Ти не знаеш што има таму. Никој не знае што има таму.

Третиот роман на Миодраг Мајиќ е пишуван со намера што е очигледна уште од првата реченица. Исповедта на Богдан Бањац можеби е вистинита, а можеби е плод на трауматизираната фантазија, но во секој случај е веродостојна на неговите сеќавања. Тој е поранешен адвокат што се наоѓа во санаториум и поради тоа неговите навраќања кон минатото можат да бидат земени со резерва од јавноста. Сепак, читателот лесно станува негов сојузник, дури и кога нема да поверува во сè што кажува. Според приказната на Бањац, тој се наоѓа во средиштето на комплексна мрежа од интереси на крупниот капитал, политиката и на институциите… А рудникот богат со кобалт во селото на неговата баба наликува на премин кон некој друг, страшен свет, кој е пандан на ужасите што се случуваат во овој, нашиот свет. Потреба за раскажување е последниот обид на Богдан да го реконструира минатото за да ја состави целосната слика за сегашноста и така да дојде до – вистината.

Миодраг Мајиќ

Миодраг Мајиќ

Миодраг Мајиќ (1969) е српски писател и судија во Апелациониот суд во Белград. Докторирал кривично право, а специјализирал меѓународно кривично право. Објавил голем број правни текстови и учествувал во изработката на значајни закони од кривичното право во Србија. Со години неговиот блог е една од најпосетуваните и најкоментираните интернет-локации, каде што отворено зборува за корупцијата, непотизмот и политичките притисоци во правосудството.

Види повеќе