Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Несреќни случаи, апсурдни случки, таинствени исчезнувања, неверојатни или неповрзани настани, убиства, тепачки, итн., се вообичаените мотиви во кратките раскази на Хармс во кои дава гротескни и обездуховени слики на светот. Во неговите минијатури, необични настани се случуваат на секој чекор, понекогаш и во секоја реченица.
Книжевното кредо на Хармс може да се согледа од еден запис во неговиот дневник, кој потекнува од 1937 год., каде што вели: „Мене ме интересира само бесмислицата, само она што нема никаква практична смисла. Ме интересира само грдата страна на животот. Херојството, патосот, бестрашноста, јунаштвото, хигиената, моралот, патетиката и хазардот – одбивни ми се и како зборови и како чувства. Но, целосно ги разбирам и ги уважувам: занесот и восхитот, инспирацијата и очајот, страста и воздржаноста, распуштеноста и невиноста, тагата и несреќата, радоста и смеата“.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам