Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
„Книгава е веројатно првата антологија на светската современа поезија на македонски. Една од причините за овој труд е и порталот Окно кој годинава слави 15-годишнина. Поезијата на Окно е интензивно и обемно застапена од првите денови; објавени се неколку илјади песни (само во рубриката „Секој ден песна“ досега се објавени околу 2300 песни).
Од тој огромен фонд избрав 100 песни, од 50 поетеси и 50 поети. Изборот е мошне личен, ги избрав песните кои во прв ред ми се допаѓаат. Во втор и трет ред ги избирав и според темите, географијата, возраста на автор(к)ите, читливоста, итн. Антологијава е современа иако најстарите застапени автор(к)и се родени пред 110 години. Сеедно, сметав дека се современи, од разни причини; една од нив е воспоставувањето континуитет меѓу мртвите и живите писател(к)и. Најстарата застапена авторка е родена 1914, а најмладата 1990, така што книгава, правејќи круг, фаќа распон од околу 76 години, еден просечен човечки живот.“
Н. Гелевски, од предговорот
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам