×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Последната девојка

Последната девојка

Надија Мурад


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Автор: Надија Мурад
ISBN: 9786082433387
Жанр: Биографии и мемоари
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
350 ден.

НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР ЗА 2018 ГОДИНА.

ТРОГАТЕЛНА ИСПОВЕД НА НЕКОГАШНАТА ЗАРОБЕНИЧКА НА ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА.

ИНСПИРАТИВНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА НА ХРАБРА ДЕВОЈКА ШТО ОДБИЛА ДА МОЛЧИ.

СО ПРЕДГОВОР НА АМАЛ КЛУНИ.

Надија Мурад е родена во Кочо, мало језидско село на северниот дел од Ирак. Живеела опкружена со големо семејство и сонувала за тоа да стане наставничка по историја или да отвори свој салон за убавина. Во 2014 година, Исламската Држава го нападнала селото на Надија. Таа тогаш имала дваесет и една година и тука бил крајот на нејзиниот безгрижен живот. Милитантите на Исламската Држава ги масакрирале селаните што одбиле да преминат во ислам. Мајката на Надија била една од осумдесетте постари жени што биле егзекутирани, а нејзините браќа меѓу стотината мажи што биле убиени во еден ден. Заедно со илјадници девојки, Надија е однесена во Мосул за да стане сексуална робинка. Кога конечно успеала да избега, лутала по улиците на Мосул додека не пронашла спас во едно семејство сунитски муслимани, чиј најстар син си го ризикувал животот за да ѝ помогне.

Надија никогаш не ни сонувала дека ќе биде номинирана за Нобеловата награда за мир или дека ќе стане амбасадор на добрата волја на Обединетите нации. Луѓето што ја држеле во заробеништво ѝ зборувале дека Језидите ќе бидат избришани од лицето на земјата, а имало моменти кога и таа почнала да верува во тоа.

Нејзината приказна го натера светот да обрне внимание на геноцидот во Ирак – бруталноста на Исламската Држава, убиствата, измачувањата, силувањата. Оваа книга е повик за дејствување, сведоштво за неуништувачката волја за преживување, љубовно писмо за изгубената држава, кревката заедница и семејствата разорени од војната.

Надија Мурад

Надија Мурад

Види повеќе