Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Ве фасцинира да станете будист или веќе се сметате тоа?
Ѕонгсар Џамјанг Кјенце, учител кој доаѓа од традицијата на тибетскиот будизам и еден од најкреативните и најиновативните лами што на денешнината отворено го предизвикува будистичкиот свет, притоа опфаќајќи често сретнувани погрешни сфаќања, стереотипи и фантазии. Со проникливост и иронија, Кјенце ги принудува читателите да појдат отаде површните замки и стапици на будизмот – отаде романсата која подразбира бројаници, мирисливи стапчиња или егзотични одежди – и да се устремат токму кон средиштето на она на што подучувал Буда.
Ѕонгсар Џамјанг Кјенце е лама од традицијата на тибетскиот будизам кој патува и подучува низ целиот свет. Предводник е на прочуениот манастир Ѕонгсар, на колеџот „Ѕонгсар“ и на „Siddhartha’s Intent“, и е духовен патрон на центри за медитација во Ванкувер, Сан Франциско, Сиднеј, Хонг Конг и Тајпеј. Покрај тоа, тој е сценарист и режисер на наградуваните филмови „The Cup“ и „Travellers and Magicians“.
„Конечно пред нас е еден нов и свеж глас на тибетскиот будизам. Во оваа кратка книга се содржани многу нешта за размислување, како за проучувачите на будизмот, така и за сите оние кои се заинтересирани за постојаното приспособување на традиционалната источна мудрост во постмодерните услови и околности наметнати од западниот свет.“
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам