Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
„Археологија на знаењето“ е една од најтемелните студии за методологијата и историографијата на системите на мислата (епистеми) и на знаењето (дискурзивни формации), кои следат правила што функционираат под свеста на субјектните единки и дефинираат концептуален систем на можности што ги детерминираат границите на јазикот и мислата употребени во дадено време и простор. Археологијата на знаењето е аналитички метод што Фуко го користел во повеќе свои студии. Современите студии на историјата на идеите се однесуваат на транзициите помеѓу историските погледи на светот, но на крајот зависат од наративните континуитети што се распаѓаат при поблиска анализа. Денеска историјата е таа што ги преобразува документите во историски споменици и што открива збир од елементи што треба да се издвојат, да се поделат на групи, да се валоризираат, да се подредат во врски, да се поврзат во целина. Оваа студија, правејќи анализа на дискурсот и скицирајќи го методот на тоа што Фуко го нарекува археолошки опис, претставува одредена фаза во развојот на неговиот концепт.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам